Известување од Македонијатурист АД Скопје
вторник, 22 март 2005
Македонијатурист АД Скопје известува дека на редовното Собрание на акционерите одржано на 14.03.2005 година е донесена одлука износот на дивидендата за 2004 година да изнесува 5,26% од номиналната вредност на една обична акција. Воедно, усвоен е следниот дивиденден календар:
- Последен ден на тргување со право на дивиденда е 24.03.2005 година;
- Прв ден на тргување без право на дивиденда е 28.03.2005 година;
- Датум на стекнување на право на дивиденда е 29.03.2005 година.