Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 21.02.2005 година
вторник, 22 февруари 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 21.02.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 108 сопствени обични акции, и тоа:
o 97 акции по цена од 2.070 денари за една акција, преку 6 трансакции;
o 11 акции по цена од 2.101 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 21.02.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Институт АД Скопје - 6 обични акции;
- Макстил АД Скопје - 561 обични акции;
- РЖ Услуги АД Скопје - 206 обични акции;
- РЖ Економика АД Скопје - 24 обични акции;
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје - 25 обични акции;
- РЖ Техничка контрола АД Скопје - 10 обични акции.