Македонска Берза АД Скопје примена за дописна членка на Федерацијата на европските берзи
вторник, 22 февруари 2005
Федерацијата на европските берзи (FESE), ја прими Македонската Берза АД Скопје за дописна членка на Федерацијата, започнувајќи од 01.03.2005 година. Одлуката ја донесе Работниот комитет на FESE, на седницата одржана на 18.02.2005 во Лисабон. Статусот на дописна членка на FESE е првиот чекор кон натамошни подлабоки односи помеѓу Федерацијата, лоцирана во Брисел, и берзите во европските пазари во развој. Овој статус вообичаено означува висока репутација на берзите во нивните економии од причина што ја демонстрира способноста на берзата да направи прогрес кон задоволување на регулативите и другите квалитативни стандарди кои се однесуваат на сите членки на FESE.