Известување од Комерцијална банка АД Скопје во врска со порастот на цената на акциите на банката
вторник, 22 февруари 2005
Во врска со порастот на цената на акциите на Комерцијална банка АД Скопје, раководството на банката достави известување до Македонската Берза во кое истакнува дека не поседува одредена ценовно осетлива информација која би можела да има влијание на движењето на цената на акциите на банката. Раководството на Комерцијална банка АД Скопје смета дека порастот на цената, меѓу другото, се должи и на присуството на странски фондови и институции на пазарот на долгорочни хартии од вредност кои, покрај со акциите на банката, тргуваат и со државни обврзници и акции издадени од други издавачи.