Ве известуваме дека на 21.12.2023 година донесен е заклучок за внесување на издавачот Пелистерка АД Скопје на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 57 од Правилата за котација.
Внесување на друштвото Пелистерка АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради посериозно непостапување од страна на издавачот по Правилата за котација.