Котација и проширување на котацијата на државни обврзници
вторник, 22 декември 2020

Ве известуваме дека согласно Барањето од 17.12.2020 од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација и проширување на котацијата на државни обврзници, почнувајќи од 23.12.2020 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:

1)    
Вид на хв: државни обврзници со евро клаузула
Вредност на емисијата: 650.000.000,00 МКД
Број на издадени хв:  65.000
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 17.12.2020
Датум на достасување: 17.12.2022
Каматна стапка: 0,35%
Шифра на тргување: M171222D
ИСИН: MKMINF20GV01

Се проширува по втор пат котацијата на емисијата на државните обврзници со ИСИН број MKMINF20GU44, која првично беше котирана на 13.11.2020 година со издадени  112.730 обврзници во вредност 1.127.300.000,00 МКД и за која беше извршено проширување на котација со издадени 189.850 обврзници на ден 25.11.2020 година, после што емисијата на овие државни обврзници ги има следниве карактеристики: 

1)    
Шифра на тргување: M291035
ИСИН: MKMINF20GU44
Број на новоиздадени хв: 40.942
Вкупен број на изададени хв: 343.522