Одлука за исклучување од котација на акциите на Жито Битола АД Битола
петок, 22 декември 2006
На седницата одржана на 21.12.2006 година Одборот на директори на Македонската Берза, на барање на издавачот, донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Жито Битола АД Битола. Акциите на друштвото се исклучуваат од котација на Официјалниот пазар на Македонската берза на 25.12.2006 година. Од истиот датум со акциите на Жито Битола АД Битола ќе може да се тргува на Неофицијалниот пазар на Македонската берза.