Oткуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 21.11.2006
среда, 22 ноември 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 21.11.2006 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 270 сопствени обични акции по цена од 7.350 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 21.11.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-РЖ Институт АД Скопје – 3 обични акции,
-ТТК банка АД Скопје – 9.119 обични акции,
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје - 13 обични акции,
-РЖ Услуги АД Скопје – 107 обични акции,
-Макстил АД Скопје – 290 обични акции.