Раде Кончар АД Скопје-прекин на тргувањето
понеделник, 22 октомври 2007
Врз основа на Решението бр.08-1614/7 од 03.10.2007 година на Комисијата за хартии од вредност, Македонска берза АД Скопје почнувајќи од денес 22.10.2007 година во период од 30 работни дена го прекинува тргувањето со хартии од вредност – обични акции издадени од страна на акционерското друштво Раде Кончар АД Скопје кои се тргуваат на Редовниот пазар на Берзата на подсегментот Пазар на јавно поседувани акционерски друштва.