Известување од Инвестбанка АД Скопје
петок, 22 октомври 2004
Инвестбанка АД Скопје известува дека на 10.11.2004 година, со почеток во 13 часот ќе се одржи седница на Собранието на акционери.
Седницата ќе се одржи со следниот Дневен ред:
I Процедурален дел
1.Отворање на 15-та седница на Собранието на акционерите на Инвестбанка АД Скопје;
2. Избор на Претседавач;
3. Избор на записничар и двајца оверувачи на записникот;
4. Избор на Верификациона комисија;
5. Избор на Кандидациона комисија.
II Работен дел
1. Предлог-Одлука за усвојување на записникот од одржаната 14-та седница на Собрание на акционери на Инвестбанка АД Скопје на 31.03.2004 година;
2. Предлог-Одлука за присоединување на Штедилница Малешевка АД Берово кон Инвестбанка АД Скопје;
3. Предлог-Одлука за распишување на 13-та емисија на долгорочни хартии од вредност на Инвестбанка АД Скопје;
4. Предлог-Одлука за разрешување на член на Управен одбор на Инвестбанка АД Скопје;
5. Предлог-Одлука за избор на член на Управен одбор на Инвестбанка АД Скопје;
6. Предлог-Одлука за измена на Статутот на Инвестбанка АД Скопје.