Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
вторник, 22 јануари 2008
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 21.01.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 91 сопствена обична акција по цена од 8.000 денари за една акција, преку 3 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 21.01.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-АДГ Маврово АД Скопје – 77 oбични акции;
-Гранит АД Скопје – 175 обични акции;
-Витаминка АД Прилеп – 57 обични акции.