Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 18.08.2006
понеделник, 21 август 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 18.08.2006 година ЗК Пелагонија АД Битола изврши откуп на 1.752 сопствени обични акции по цена од 3.000 денари за една акција, преку 1 блок трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 18.08.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Гранит АД Скопје – 229 обични акции,
- Технометал-Вардар АД Скопје – 12 обични акции.