Oткуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 20.07.2005
четврток, 21 јули 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 20.07.2005 година следниве котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
-Комерцијална банка АД Скопје изврши откуп на 10.000 сопствени обични акции по цена од 2.200 денари за една акција, преку 1 блок трансакција.
-Гранит АД Скопје изврши откуп на 302.757 сопствени обични акции по цена од 303 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 20.07.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 315 обични акции;
-Комерцијална банка АД Скопје – 11 обични акции.