Известување од Скопски Пазар АД Скопје
вторник, 21 јуни 2005
Скопски Пазар АД Скопје го достави ревидираниот извештај за 2004 година. Извештајот може да се најде на интернет страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.
Воедно, Скопски Пазар АД Скопје известува за следното:
Дивидендата за 2004 година изнесува 160,00 денари по акција односно 5% од нивната номинална вредност. Усвоен е следниот дивиденден календар:
-Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2004 година е 27.06.2005 година
-Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2004 година е 28.06.2005 година
-Дата на стекнување на право на дивиденда е 01.07.2005 година
-Дивидендата ќе се исплати во законски пропишаниот рок одноосно до 30.09.2005 година.
(Иако Скопски Пазар АД Скопје ја донел одлуката за дивиденден календар во наведената форма, имајќи предвид дека датум на пресек на акционерска книга е 01.07.2005 година, се подразбира дека последен ден на тргување со право на дивиденда е 28.06.2005 година, а прв ден на тргување без право на дивиденда е 29.06.2005 година).
Нето добивката во износ од 105.828.200,00 денари се распределува на следниов начин:
-За дивиденда на акционерите 19.000.000,00 денари
-Резерви за откуп на сопствени акции 45.000.000,00 денари
-Резервен фонд за посебни намени 5.000.000,00 денари
-Учество на вработените и менаџментот 7.000.000,00 денари
-Нераспределена добивка 29.828.200,00 денари
Средствата предвидени за откуп на сопствени акции во износ од 45.000.000,00 денари, како и неискористените издвоени средства во изминатите години во износ од 5.057.517,00 денари да се реализираат за откуп на најмногу 10% од вкупниот број на обични акции. Откупот да се изврши во постапка предвидена со Статутот и Законот за трговски друштва по цена што ќе се постигне на Македонската Берза. Рокот во кој акциите треба да бидат откупени е 12 месеци од денот на донесување на одлуката. Со откупот да не се намали основната главнина и резервите на Друштвото.