Ревидиран извештај за 2003 година на Фабрика за квасец и алкохол АД Битола
понеделник, 21 јуни 2004
Фабрика за квасец и алкохол АД Битола до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 6.592.000 денари. Вкупната актива на Фабрика за квасец и алкохол АД Битола на 31.12.2003 година изнесува 640.078.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 39.030.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Фабрика за квасец и алкохол АД Битола може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.