Ревидиран извештај за 2003 година на Тутунски комбинат АД Прилеп
петок, 21 мај 2004
Тутунски комбинат АД Прилеп до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило загуба во износ од 851.560.000 денари. Вкупната актива на Тутунски комбинат АД Прилеп на 31.12.2003 година изнесува 6.676.380.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 5.476.500.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Тутунски комбинат АД Прилеп може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.