Ревидиран извештај за 2003 година на Трикотажа Пелистер АД Битола
петок, 21 мај 2004
Трикотажа Пелистер АД Битола до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 31.000 денари. Вкупната актива на Трикотажа Пелистер АД Битола на 31.12.2003 година изнесува 258.064.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 51.264.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Трикотажа Пелистер АД Битола може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.