Ревидиран извештај за 2003 година на Градежен институт Македонија АД Скопје
петок, 21 мај 2004
Градежен институт Македонија АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 22.491.000 денари. Вкупната актива на Градежен институт Македонија АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 211.822.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 54.254.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Градежен институт Македонија АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.