Дивиденда и дивиденден календар на Скопски пазар АД Скопје
петок, 21 мај 2004
Скопски пазар АД Скопје до Македонската Берза го достави следното известување:
• Согласно Одлуката на Собранието на Скопски пазар АД Скопје, дивидендата за 2003 година изнесува 90,00 денари за една акција, односно 3% од нивната номинална вредност;
• Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2003 година е 24.05.2004 година;
• Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2003 година е 25.05.2004 година;
• Датум на стекнување на право на дивиденда за 2003 година е 27.05.2004 година;
• Дивидендата ќе се исплати во законски пропишаниот рок, до 30.09.2004 година.