Котација на приоритетни акции на Скопски пазар АД Скопје
петок, 21 април 2006
Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 20.04.2006 година донесе Одлука за котација на 14.629 приоритетни акции на Скопски пазар АД Скопје настанати со конверзија на 14.629 обични акции на друштвото. Приоритетните акции на Скопски пазар АД Скопје ги имаат следните карактеристики:
- Издавач: Скопски пазар АД Скопје
- Број на издадени акции: 14.629 приоритетни акции
- Номинална вредност на една акција: 51,13 евра
- Шифра на тргување: СПАЗП
- Почеток на тргување: 25.04.2006 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза.