Откуп на сопствени акции од котирани друштва на 20.04.2005 година
четврток, 21 април 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 20.04.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 500 сопствени обични акции, по цена од 2.100 денари за една акција, преку 2 трансакции.