Известување за порамнувањето на трансакциите со обичните акции на Комерцијална банка АД Скопје
понеделник, 21 март 2005
Имајќи го предвид евентуалниот прекин на тргувањето со обичните акции на Комерцијална банка АД Скопје на 24.03.2005 година (четврток), поради предложената одлука за промена на номиналната вредност на обичните акции на Комерцијална банка АД Скопје од 5.000 денари на 1.000 денари која треба да ја донесе Собранието на Банката на 23.03.2005 година, Ве известуваме дека порамнувањето на трансакциите со обичните акции на Комерцијална банка АД Скопје склучени на 22.03.2005 и 23.03.2005 година ќе се изврши на 24.03.2005 година, односно:
- трансакциите склучени на 22.03.2005 година ќе имаат период на порамнување Т+2;
- трансакциите склучени на 23.03.2005 година ќе имаат период на порамнување Т+1.
Потсетуваме дека конечното известување за евентуалниот прекин на тргувањето со обичните акции на Комерцијална банка АД Скопје на 24.03.2005 година (четврток) ќе биде доставена до крајот на работниот ден на 23.03.2005 година (среда).