Ве известуваме дека согласно Барањето бр.15-1471/1 од 16.02.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 22.02.2023 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:
Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 8.000.000.000,00 МКД
Број на издадени хв: 800.000
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 16.02.2023
Датум на достасување: 16.02.2025
Каматна стапка: 5,25%
Шифра на тргување: M160225
ИСИН: MKMINF20GZ23
Распоред на тргување: Континуирано тргување