НОВИ КОТИРАНИ ДРУШТВА ЗА ЧИИ ХВ ДЕНЕС НЕ ВАЖАТ ЦЕНОВНИТЕ ОГРАНИЧУВАЊА
среда, 21 декември 2005
Согласно Одлуката за измените и дополнувањата на Процедурите за тргување на Македонската берза доколку со одредена хартија од вредност која е котирана на Официјалниот пазар на Берзата не е склучена ниту една трансакција во период од 10 денови на тргување во вредност поголема од 100.000 денари (не земајќи ги предвид блок трансакциите), тргувањето со таа хартија од вредност од првиот нареден ден на тргување се префрлува од „континуиран“ начин на тргување во „фиксинг“ и за неа се отстрануваат ценовните ограничувања, се додека со неа не биде склучена трансакција/трансакции во вредност поголема од 100.000 денари (не земајќи ги предвид блок трансакциите).
Котираното акционерско друштво за чии хартии од вредност денес не важат ценовните ограничувања, согласно горенаведеното е:
ОФИЦИЈАЛЕН ПАЗАР-ОБИЧНИ АКЦИИ
АУМК Аутомакедонија АД Скопје
ЛОТО Лотарија на Македонија АД Скопје