Известување од ЗК Пелагонија АД Битола
среда, 21 декември 2005
Имајќи го предвид значителниот пораст на цената на акциите издадени од ЗК Пелагонија АД Битола во изминатиот период, Македонската берза испрати допис до друштвото со барање да биде известена за евентуално постоење на ценовно чувствителни информации кои би можеле да имаат влијание врз порастот на цената на акциите на друштвото.
ЗК Пелагонија АД Битола достави одговор во кој наведува дека раководството на друштвото не поседува никаква ценовно чувствителна информација која би можела да има влијание на порастот на цената на акциите на друштвото. Исто така, раководството на ЗК Пелагонија АД Битола смета „дека станува збор за тенденциозно, нереално, злонамерно и шпекулативно покачување на цената на акциите на друштвото од страна на група на надворешни лица кои немаат никаква врска со работењето на ова друштво“.