ФХЛ Мермерен Комбинат АД Прилеп
петок, 21 ноември 2003
Проспектот на ФХЛ Мермерен Комбинат АД Прилеп е изготвен со цел зголемување на капиталот на компанијата, издавање на грчки сертификати за депозит (ЕЛПИС) и нивна котација на „Грчкиот пазар за пазари во појавување“ (Greek Market of Emerging Capital Markets - EAGAK) на Атинската берза. ФХЛ Мермерен Комбинат АД Прилеп е прва компанија која добила одобрување за котација на овој пазарен сегмент на Атинската берза. ЕАГАК пазарот е наменет за компаниите кои се регистрирани и кои работат во земјите на Југоисточна Европа.
ФХЛ Мермерен Комбинат АД Прилеп ќе издаде, по пат на јавна понуда, 468.700 ЕЛПИС-и, со номинална вредност од 1 ЕВРО, што кореспондира со еднаков број на издадени обични акции на компанијата. Компанијата ФХЛ Мермерен Комбинат АД Прилеп е со седиште во Скопје, Република Македонија, и е компанија-ќерка на компанијата ФХЛ Кириакидис С.А., која, исто така, котира на Атинската берза.