Со цел запознавање на пошироката јавност со улогата и начинот на функционирање на Берзата, нејзината институционална поставеност, како и со улогата и значењето на останатите институции на пазарот на хартии од вредност, Берзата на 21.10.2015 година го организираше првиот Отворен ден. Овој настан се одржа во просториите на Македонска берза АД Скопје, при што посетителите имаа можност да се запознаат со нејзината историја и тековното работење. Воедно, го проследија и тргувањето во живо и беа сведоци на склучување на берзански трансакции. Во пресрет на роденденот на Берзата, 20 години од првиот ден на тргување, Берзата ќе организира отворени денови за посетители и во наредните месеци.