Успешна понудата за откуп на обични акции издадени од Жито Прилеп АД Прилеп
четврток, 21 октомври 2004
Комисијата за хартии од вредност на 18.10.2004 година донела Решение со кое се утврдува за успешна понудата за откуп на обичните акции издадени од Жито Прилеп АД Прилеп дадена од Ѓорѓија Атанасовски од Прилеп застапуван од лицето Зоран Тодоровски од Прилеп.
Комисијата била известена дека во утврдениот рок понудата за откуп на 49.376 обични акции на Жито Прилеп АД Прилеп ја прифатиле 271 сопственик на акции, кои доставиле изјави за вкупно 47.316 обични акции издадени од Жито Прилеп АД Прилеп. Врз основа на оваа понуда, Ѓорѓија Атанасовски од Прилеп се стекнува со дополнителни 47.316 обични акции, кои заедно со претходно поседуваните 16.450 обични акции изнесуваат вкупно 63.766 обични акции издадени од Жито Прилеп АД Прилеп.