Акциите на Тутунов комбинат Боро Петрушевски-Папучар АД Куманово и Жито Прилеп АД Прилеп исклучени од котација од 22.10.2004 година
четврток, 21 октомври 2004
Одборот на директори на Македонската Берза на седницата одржана на 20.10.2004 година, согласно точка 9.06 од Правилникот за котација на хартии од вредност, донесе Одлуки за исклучување од котација на акциите на:
- Тутунов комбинат „Боро Петрушевски-Папучар“ АД Куманово и
- „Жито Прилеп“ АД Прилеп.
Акциите на Тутунов комбинат „Боро Петрушевски-Папучар“ АД Куманово се исклучуваат од котација поради нетргување на акциите, неисполнување на обврските за доставување на финансиски извештаи и ценовно осетливи информации до Берзата и неисполнување на финансиските обврски кон Берзата. Друштвото веќе подолг период се наоѓа во исклучително тешка состојба, поради што не е во можност да ги исполнува обврските на котирано друштво на Македонската Берза.
Акциите на „Жито Прилеп“ АД Прилеп се исклучуваат од котација бидејќи со успешното завршување на јавниот повик за откуп на обични акции на друштвото, бројот на акционери се намали на 23 и распространетоста на родот на акциите во јавноста се намали на 3,12%. Со тоа „Жито Прилеп“ АД Прилеп престанува да ги исполнува критериумите за котација од точка 2.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност.
Акциите на овие друштва ќе бидат исклучени од котација од 22.10.2004 година. Од 25.10.2004 година со акциите на Тутунов комбинат „Боро Петрушевски-Папучар“ АД Куманово и „Жито Прилеп“ АД Прилеп ќе може да се тргува на неофицијалниот пазар на Берзата.