Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 20.01.2005 година
петок, 21 јануари 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 20.01.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 750 сопствени обични акции, и тоа:
o 25 акции по цена од 2.050 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 725 акции по цена од 2.061 денари за една акција, преку 8 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 20.01.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Економика АД Скопје - 16 обични акции;
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје - 16 обични акции;
- Комерцијална банка АД Скопје - 1 обична акција, 21 приоритена акција;
- Макстил АД Скопје - 364 обични акции;
- РЖ Услуги АД Скопје - 134 обични акции.