Одборот на директори на Македонска берза на седницата одржана на 18.09.2013 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Жито Вардар АД Велес од подсегментот Берзанска котација и нивно префлување на котација на подсегментот Задолжителна котација во рамките на Официјалниот пазар на Берзата.
Акциите издадени од Жито Вардар АД Велес се исклучуват од котација од подсегментот Берзанска котација и се префлаат на котација на подсегментот Задолжителна котација, согласно член 54 став (4) алинеја 8 и став (8) од Правилата за котација на Македонска берза.
Акциите издадени од Жито Вардар АД Велес ќе бидат префрлени на подсегментот Задолжителна котација во рамките на Официјалниот пазар на Берзата почнувајќи од 23.09.2013 година (понеделник).
Исклучување на акциите на Жито Вардар АД Велес од Берзанска котација и префлување на Задолжителна котација
петок, 20 септември 2013