Тргувањето со акците издадени од Макпетрол АД Скопје времено се прекинува на 20.09.2011 година, во очекување на објавување на известување преку СЕИ-НЕТ.
Имајќи ги предвид информациите од дневниот весник “Капитал” дека англиско-холандската компанија “Shell” сака да го купи Макпетрол АД Скопје, Берзата побара од Макпетрол АД Скопје да објави известување во врска со објавените информации. Во очекување на објавување информации од страна на Макпетрол АД Скопје Берзата времено го прекинува тргувањето со акциите издадени од Макпетрол АД Скопје.
Берзата дополнително ќе извести за продолжувањето на тргувањето со акциите издадени од Макпетрол АД Скопје.