Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
четврток, 20 септември 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 19.09.2007 година Витаминка АД Прилеп изврши откуп на 100 сопствени обични акции по цена од 18.500 денари за една акција, преку 3 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 19.09.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Економика АД Скопје – 23 обични акции,
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 24 обични акции,
- Комуна АД Скопје – 152 обични акции,
- РЖ Услуги АД Скопје – 201 обични акции,
- ВВ Тиквеш АД Скопје – 14 обични акции,
- РЖ Институт АД Скопје – 6 обични акции,
- Киро Ќучук АД Велес – 612 обични акции,
- Макстил АД Скопје – 545 обични акции.