Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 19.09.2005
вторник, 20 септември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 19.09.2005 година следниве котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
-РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 1.367 сопствени обични акции по цена од 31 денар за една акција, преку 8 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 19.09.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Фабрика Карпош АД Скопје – 117 обични акции;
-Гранит АД Скопје - 322 обични акции.