Известување од РЖ Услуги АД Скопје за откуп на сопствени акции
вторник, 20 септември 2005
На барање на Македонската берза, РЖ Услуги АД Скопје ја достави Одлуката донесена од Одборот на директори на друштвото на 07.07.2005 година со која се одобрува откуп на 157.000 акции од РЖ Услуги АД Скопје. Максималната цена за откуп на една акција изнесува 35 денари, а периодот за откуп на акциите е 12 месеци.