Врз основа на Решение бр. УП1 08-48 од 04.07.2017 година на Комисијата за хартии од вредност дадена е согласност на Одлуката бр.02-200/1 за измени и дополнувања на Тарифникот за висина на надоместоците на Македонска берза АД Скопје, донесена од страна на Одборот на директори на Берзата на 22.02.2017 година.
Пречистениот текст на Тарифникот за висина на надоместоците на Македонска берза АД Скопје ќе започне да се применува од 21.07.2017 година и истиот може да го најдете на интернет страната на Македонска берза, во делот Регулатива/Акти на Берзата/Тарифник.