Алкалоид АД Скопје
вторник, 20 јули 2004
Во врска со дописот доставен од фармацевтската групација Актавис од Рејкјавик, Исланд, со кој ја информираат Берзата дека не се водени, ниту пак се најавени формални преговори помеѓу оваа Групација и Алкалоид АД Скопје, Алкалоид достави известување до Берзата со кое ги демантира овие информации. Во известувањето е наведено дека во изминатиот период постоела комуникација и размена на документација со Актавис Групацијата околу евентуалното преземање на фармацевтскиот бизнис на Алкалоид од страна на Актавис.