Котација и проширување на котацијата на државни обврзници
вторник, 20 јуни 2023

Ве известуваме дека согласно Барањето бр. 15-5271/1 и Барањето 15-5272/1 од 14.06.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 21.06.2023 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:

Вид на хв: државни обврзници  со девизна клаузула
Вредност на емисијата: 474.120.000,00 МКД
Број на издадени хв: 47.412
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 26.05.2023
Датум на достасување: 26.05.2038
Каматна стапка: 5,65%
Шифра на тргување: M260538D
ИСИН: MKMINF20GZ72

Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 175.540.000,00 МКД
Број на издадени хв: 17.554
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 15.06.2023
Датум на достасување: 15.06.2038
Каматна стапка: 5,90%
Шифра на тргување: M150638
ИСИН: MKMINF20GZ80

Вид на хв: државни обврзници со девизна клаузула
Вредност на емисијата: 589.600.000,00 МКД
Број на издадени хв: 58.960
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 15.06.2023
Датум на достасување: 15.06.2038
Каматна стапка: 5,65%
Шифра на тргување: M150638D
ИСИН: MKMINF20GZ98

Се проширува котацијата на емисијата на државните обврзници со ИСИН број MKMINF20GZ64 која првично беше котирана на 16.05.2023 година со издадени  68.144 обврзници во вредност од 681.440.000,00 МКД, после што емисијата на овие државни обврзници ги има следниве карактеристики: 
Шифра на тргување: M110538
ИСИН: MKMINF20GZ64
Број на новоиздадени хв: 41.989
Вкупен број на издадени хв: 110.133