Ревидиран извештај за 2003 година на Тетекс АД Тетово
четврток, 20 мај 2004
Тетекс АД Тетово до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварила добивка во износ од 43.193.000 денари. Вкупната актива на Тетекс АД Тетово на 31.12.2003 година изнесува 2.886.226.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 959.632.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Тетекс АД Тетово може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.
Воедно, Тетекс АД Тетово известува дека на 29.04.2004 година е одржана редовна седница на Собранието на акционери, на која, покрај другото, се донесени следните одлуки:
• Одлука за измена на член 78 од Статутот на Друштвото, со која бројот на членови на Одборот на директори се намалува од 13 на 7, од кои 1 извршен директор и 6 неизвршни директори;
• Одлука за разрешување на следните 6 неизвршни членови на Одборот на директори:
1. Исмаилаки Емурлаи,
2. Душко Мишевски
3. Звонимир Ристовски,
4. Евгенија Трпковска,
5. Иванка Гоговска,
6. Алексеј Лосев.
• Одлука за именување на 7 членови на Одборот на директори со мандат од шест години, од кои 3 внатрешни и 4 надворешни членови:
1. М-р Глигорие Гоговски,
2. Борислав Трповски,
3. Стеван Томовски,
4. Академик Ксенте Богоев,
5. Проф. Д-р Владо Камбовски,
6. Проф. Д-р Тито Беличанец,
7. Д-р Михаил Петковски.
На седницата одржана на 30.04.2004 година, Одборот на директори на Тетекс АД Тетово донел Одлука за именување на М-р Глигорие Гоговски за извршен член на Одборот на директори – Генерален директор, со мандат од 6 години.