Ревидиран извештај за 2003 година на Европа АД Скопје
четврток, 20 мај 2004
Европа АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварила добивка во износ од 4.446.000 денари. Вкупната актива на Европа АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 951.264.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 239.635.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Европа АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.