Промена во сопственичката структура на РЖ Економика АД Скопје
вторник, 20 мај 2003
Со берзанска трансакција од 12.03.2003 година, дојде до промена во сопственичката структура на Друштвото.
Имено, во структурата на капиталот, веќе не постои “Траен влог на Комерцијална Банка“, кој беше во износ од 23.326 акции, или 4,36%.
За негова сметка се зголеми категоријата “Обични акции-платени“, кои сега ќе бидат 335.360 обични акции, односно ќе учествуваат со 62,66% во структурата на капиталот.