Прекин на тргувањето со акциите на Бетон АД Скопје
вторник, 20 март 2007
Согласно точка 3.61. од Процедурите за тргување на Македонската берза АД Скопје, а имајќи ги предвид информациите во медиумите за преговори за продажба на акциите на доминантниот акционер на стратешки партнер и недоставување на соодветни информации до Берзата, времено се прекинува тргувањето со акциите на Бетон АД Скопје до добивање на дополнителни информации од страна на друштвото.
Јавноста ќе биде навремено информирана за продолжувањето на тргувањето со акциите на Бетон АД Скопје.