Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 19.03.2007
вторник, 20 март 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 19.03.2007 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 19 сопствени обични акции по цена од 351 денар за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 19.03.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Гранит АД Скопје – 1.283 обични акции,
- ОХИС АД Скопје – 162 обични акции,
- ТТК АД Скопје – 7 обични акции,
- Витаминка АД Прилеп – 79 обични акции,
- Макошпед АД Скопје – 1.184 обични акции,
- АДГ Маврово Скопје – 38 обични акции.