Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
четврток, 20 декември 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 19.12.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 27 сопствени обични акции по цена од 7.900 денари за една акција, преку 2 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 19.12.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Макстил АД Скопје – 607 обични акции;
-РЖ Економика АД Скопје – 26 обични акции;
-РЖ Услуги АД Скопје – 223 обични акции;
-РЖ Институт АД Скопје – 7 обични акции;
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 27 обични акции.