Ве известуваме дека на 20.11.2020 година Берзата изврши бришење на издавачот Фабрика Карпош АД Скопје од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена јавната понуда за преземање на друштвото од страна на преземачот Градежен Институт АД Скопје.
Фабрика Карпош АД Скопје беше внесена на 11.11.2020 година на „Листата на набљудување“ согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена јавна понуда за преземање на друштвото од страна на Градежен Институт АД Скопје.