Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 17.11.2006
понеделник, 20 ноември 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 17.11.2006 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на:
-200 сопствени обични акции по цена од 7.400 денари за една акција, преку 1 трансакција;
-5 сопствени обични акции по цена од 7.350 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 17.11.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 45 обични акции,
-ЕМО АД Охрид – 62 обични акции,
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје - 23 обични акции,
-ВВ Тиквеш АД Скопје – 48 обични акции,
-РЖ Економика АД Скопје – 22 обични акции,
-ОХИС АД Скопје – 299 обични акции,
-ЗК Пелагонија АД Битола – 14 обични акции,
-Макстил АД Скопје – 520 обични акции.