Внесување на издавачот ДС Смитх АД Скопје на Листата за набљудување
вторник, 20 октомври 2026

Ве известуваме дека донесен е заклучок за внесување на издавачот ДС Смитх АД Скопје  на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

Внесување на друштвото ДС Смитх АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што друштвото нема одржано годишни собранија на акционери  на кои се разгледуваат и усвојуваат годишните сметки и ревидираните финансиски извештаи, во период подолг од една година од рокот предвиден во Правилата за котација за усвојување на истите.