Меморандум за соработка
понеделник, 20 октомври 2003
Во рамките на билатералната соработка, на 18.10.2003 година, Македонската берза АД Скопје и Бугарската берза потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа Извршниот директор на Македонската берза АД Скопје, Д-р Евгени Зографски и Извршниот директор на Бугарската берза, г-дин Георги Драјчев. Со Меморандумот се предвидува продлабочување на соработката помеѓу двете берзи и размена на информации, како прва фаза од взаемното билатерално поврзување.