Бришење на издавачот РЖ Економика АД Скопје од Листата за набљудување
понеделник, 02 јуни 2025

Ве известуваме дека на ден 02.06.2025 година, Берзата изврши бришење на издавачот РЖ Економика АД Скопје од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што постапката за преземање на друштвото е завршена. 

Издавачот РЖ Економика АД Скопје беше внесен на Листата на набљудување на 10.01.2025 година, согласно член 61-а од Правилата за котација, поради објавена намера за преземање на друштвото.