Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 01.06.2005 година
четврток, 02 јуни 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 01.06.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 1.921 сопствени обични акции, и тоа:
o 50 акции по цена од 2.297 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 30 акции по цена од 2.298 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 1.841 акции по цена од 2.300 денари за една акција, преку 5 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 01.06.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Макпетрол АД Скопје - 71 обични акции;
- Гранит АД Скопје - 13.134 обични акции.